Претседателот на Перу, Олант Умал одлучи да не одобри помилување за поранешниот шеф на државата Алберт Фуџимори.
Умал смета дека и покрај тоа што Фуџимори е болен, неговата здравствена состојба не е доволна причина за помилување.
Тоа го потврди и министерот за правда на Перу, Даниел Фигањо кој наведе дека здравствената состојба на Фуџимори не е опасна по живот.
Поранешниот шеф на државата е осуден на затворска казна од 25 години, поради кршење на човековите права од 1990 до 2000 година, во времето кога беше претседател на Перу.
Тој е осуден поради давање налог на војската да убие 25 лица во почетокот на 1990 година.
Елена Георгиевска