Најмалку четири лица загинаа денеска во пожар кој избува во киното на трговскиот центар „Ларкомар“, во Лима.
Се претпоставува дека настрадале двајца мажи и две жени, но нивните тела се јагленосани поради што е тешко да се идентификуваат.
Полицискиот генерал Уго Бегасо наведе дека 13 лица се водат како исчезнати.
Центарот „Ларкомар“ соопшти дека е започната истрага за причината за пожарот во киното.