Најмалку 16 лица загинаа, а 10 се повредени, кога автобус слета од кривулест пат и падна во река, соопшти перуанската полиција, пренесува Танјуг.
Автобусот бил на пат за Пичанаки, град во централниот дел на земјата.
Возачот изгубил контрола, автобусот слетал од патот, паѓал 35 метри и паднал во реката Тарму, соопшти локалниот шеф на полицијата Хозе Мендоза.
Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека возачот возел брзо и оти изгубил контрола во кривина, додаде Мендоза.