Околу 300 таксисти ги паркирале своите возила покрај писта, за го осветлат патот на малиот авион кој со тешко болна мајка и новороденче требало да полета кон болница.
Тие дошле на повик на локалната радио станица, бидејќи во Контамани, еден од најсиромашните места во Перу, нема болница, но ниту осветлени писти.
Со авионот бил пренесен и Самуел Тамани (17) кој боледувал од лептоспироза, болест која се пренесува преку животни, но во болницата веднаш починал.
Животите на 31-годишната мајка Мелите Муриете Вали и штотуку роденото бебе биле загрозени по тешкото породување.
-Секогаш бевме народ со срце – изјави радио водителот Адолфо Лобо, откако авионот успешно полета.
Елена Георгиевска