Пензиониран генерал обвинет за обид за убиство на Озал

Од:

Обвинителството во Турција, вчера поднесе обвинение против генералот во пензија Левент Ерсез, за обид за убиство на покојниот турски претседател Тургут Озал.

Повикувајќи се на турските медиуми, „Ројтерс“ објави дека тоа е обид во последен момент, а истрагата се држи отворена две децении по смртта на Озал.

Судот во Анкара го прифати денес обвинението од сопругата и синот на Озал, во кое се бара Ерсез да биде осуден на доживотна затворска казна.

Ерсоз негира дека имал некаква врска со смртта на Озал и наведува дека посмртните останки на Озел во октомври минатата година биле ексхумирани поради гласини дека е убиен од припадници на милитантни конспиративни групи „држава во држава“.

Озал беше премиер на Турција од 1983 до 1989 година , по што парламентот го избра за претседател.

Неговите пазарни реформи помогнаа во развојот на современа Турција и покрај тоа што соработниците веруваа дека тие го предизвикаа незадоволството кај некои во безбедносниот естаблишмент.

Тој имаше операција на срцето 1987 година во САД, но неговата здравствена состојба и понатаму беше лоша.

Според официјалната верзија, тој почина од срцева инсуфисиенција 1993 година на 65-годишна возраст, а неговите соработници ја негираат верзијата за труење.

Обвинителството во средината на септември започна процес за ексхумација на поранешниот претседател и од анализите е утврдено присуство на отрови, за кои се наведува дека не се причина за смртта.

Во декември минатата година турскиот весник „Заман“ објави дека во посмртните останки се пронајдени трагови на четири токсични материии, меѓу кои се и многу опасните отрови, вклучувајќи ги инсектицидот ДДТ забранет во Турција од 1980 година, кадмиум, полониум и америциум.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски