Пентагон одобри планови за повлекување на војници од Авганистан

Од:

Пентагон ги одобри плановите за повлекување војници од Авганистан, кои ќе задржат две поголеми бази во земјата, потврди командантот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мајли.

Командантот на Генералштабот на американската армија најави дека покрај двете поголеми бази на САД, тие ќе зачуваат и неколку сателитски бази. Сепак, тој не прецизираше кои бази ќе бидат затворени.

Мајли исто така рече дека американската армија ќе продолжи со своите две основни мисии – да помага на авганистанските безбедносни сили кои се борат против талибанците и да спроведува антитерористички операции против милитантите на Исламската држава и Ал Каеда.

Генералот одби да шпекулира за одлуките што може да ги донесе новоизбраниот претседател на САД.

– Сè што ќе следи ќе биде одлука на новата администрација, рече Мајли.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Волстрит журнал: САД призна дека на Пентагон му снемуваат пари за вооружување на Киев

Горан Наумовски

Пентагон: Спречен е поширок конфликт во регионот