Пентагон ја укина задолжителната вакцинација на војниците против Ковид-19

Од:

Пентагон ја укина задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили на САД, воведена претходно од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, во меморандумот соопшти дека военото раководство продолжува да ги охрабрува сите припадници на вооружените сили да се вакцинираат и да добиваат дополнителни дози, но повеќе нема да ги отпушта оние кои одбиваат да се вакцинираат од верски, административни или медицински причини.

Во август 2021 година Бајден нареди сите 1,3 милиони активни членови на вооружените сили на САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, на што се спротивставија републиканците.

Кај војниците имаше неочекуван отпор кон задолжителната вакцинација, а републиканците побараа Бајден да ја повлече наредбата, како дел од компромисот при усвојувањето на Законот за овластување за национална одбрана (NDAA) за фискалната 2023 година, што американскиот претседател го потпиша во декември.

Според податоците на Министерството за одбрана, од воведувањето на задолжителната вакцинација протоив Ковид-19 од служба биле отпуштени 3.717 маринци, 1.816 војници и 2.064 морнари кои одбиле да бидат вакцинирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Уапсен вработен во Пентагон со доверливи, тајни документи

Горан Наумовски

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Горан Наумовски

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време