Пентагон ја приземји целата флота на Ф-35 поради дефект на моторот

Од:

Пентагон синоќа соопшти дека ја приземјува целата флота Ф-35 ловци, откако е утврдено дека постои дефект на моторот на авионите.

Дефектот е забележан за време на рутинската инспекција на авионите во воздухопловната база Едвардс во Калифорнија.

Ловците Ф-35 претставуваат најскапата борбена програма на американската војска, чија вредност се проценува на приближно 400 милијарди долари.

Авионите нема да летаат се додека не се утврди која е причината за проблемот на шасијата на моторот.

Американската армија има 51 авиони Ф-35, произведени од компанијата „Локхијд Мартин“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски