Пентагон демантира дека во источна Украина има американски војници

Од:

Пентагон вчера ги демантираше руските тврдења дека во зоната на конфликтот во источна Украина има американски војници, карактеризирајќи ги ставовите на Москва како „апсурден обид за изместување на фокусот“ од нејзините актвиности во регионот, пренесоа британските медиуми.

-Под форма на оружје, обука и командно-контролна помош Русија продолжува да им дава поддршка на вооружените сепаратисти во источна Украина грубо прекршувајќи ги обврските што Москва ги презема во Минск и суверенитетот на Украина, рече портпаролката на американското Министерство за одбрана Ајлин Лајнц.

Според неа, Пентагон јасно кажа дека има неколку стотици војници кои ги обучуваат украинските гардисти во западниот дел на земјата во близина на границата со Полска.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери телефонски разговораше со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров за тоа Русија да ги повлече своите војници од источна Украина, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на високо позициониран претставник на американскиот Стејт департмент.

Кери, освен тоа, од Лавров побарал Москва да изврши притисок врз   проруските сепаратисти во соседната држава да ги прекинат воените дејствија.

Обуката која американските војници во моментов им ја дава на украинската Национална гарда во западниот дел на оваа земја, е целосно транспаретна за одбранбените потреби на земјата и е на покана на украинската Влада, подвлекол државниот секретар на САД пред рускиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени