Пентагон демантира дека нападнала погреб во близина на Киркук

Од:

Авиони на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД не извршиле напади врз погреб во ирачкиот град Дакук, 30 километри од Киркук, соопшти синоќа Пентагон.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека коалицијата предводена од САД е одговорна за нападот во петокот врз погреб во ирачкиот град Дакук при што загинале повеќе десетици луѓе.

– Судејќи според наводите на сведоците, пилотите на борбените авиони помислиле дека колоната луѓе на погребот се терористи. Загинаа десетици ирачки цивили, вклучително и жени и деца, истакна портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конешенков.

Тој додаде дека руски извиднички авиони забележале два борбени авиони како извршуваат напади во Дакук, околу 30 километри јужно од Киркук.

– Според нашите податоци во тој реон нема борци на ИД, наведе Конешенков.

Тој истакна и дека таквите инциденти имаат карактеристики на воени злосторства и оти таквите напади станале секојдневна рутина на меѓународната коалиција.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски