Пентагон: Антимуслиманската реторика ја поткопува американската национална безбедност

Од:

Пентагон денеска предупреди да не се даваат изјави што ги потхрануваат тврдењата на џихадистичката група Исламска држава дека САД се во војна со исламот, пренесоа британските медиуми.

-Сето она што ги потхранува тврдењата на ИД и ги насочува САД против муслиманската вера, не само што во спротивност со нашите вредности, туку е во спротивност и со нашата национална безбедност, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Коментарот претставува индиректна критика на изјавата  на републиканскиот претендент за Белата куќа, Доналд Трамп, кој предложи на муслиманите да им се забрани влезот во САД, забележаа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски