Пенс во официјална посета на Грузија

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа допатува во дводневна официјална посета на Грузија, јави агенцијата Анадолија (АА).

Со највисоки државни почести на меѓународниот аеродром „Шота Руставели“ во Тбилиси, високиот американски гостин беше пречекан од грузискиот премиер, Горг Квирикашвили.

Квирикашвили организира и вечера во чест на гостинот од Вашингтон, а нивната официјална средба беше денеска во седиштето на грузиската Влада.

– На Грузија гледаме како на главен стратешки партнер и го подржуваме вашиот територијален интегритет и вашите аспирации да станете членка на НАТО, изјави американскиот потпретседател.

За денеска е најавено и заедничкото обраќање на Квирикашвили и Пенс пред новинарите во Тбилиси, а американскиот потпретседател потоа ќе има средба и со грузискиот претседател Гиорги Маргвелешвили.

Маргвелашвили и Пенс денеска треба да присуствуваат и на меѓународна воена вежба, што се одржува на воениот аеродром „Алексеевка“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Усвоен е законот за странски агенти во Грузија

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски