Пенс: Бајден ѝ нанесе повеќе штета на САД отколку кој било претседател во модерната историја

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ нанесе повеќе штета на Америка, отколку кој било претседател во модерната историја, смета поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс.

Тој за Фокс њуз тврди дека за 14 месеци инфлацијата во САД е најголема во последните 40 години, а бензинот поскапел за 70 отсто.

Според Пенс, сегашната администрација правела грешки во борбата со пандемијата од коронавирусот. Тој укажа и на, како што нагласи, „катастрофалното повлекување“ на САД од Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он