Пелоси: Мојата животна цел е Трамп никогаш повеќе да не влезе во Белата куќа

Од:

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси изјави дека нејзината животна цел е републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп никогаш повеќе да не влезе во Белата куќа и дека морала да направи нешто и затоа поддржува повлекување на кандидатурата на Џозеф Бајден.

Таа тоа го изјави во разговор со новинарите за време на презентацијата на нејзината книга, притоа удирајќи девет пати по масата за да ја потврди својата решителност и да објасни дека морала да преземе нешто.

Пелоси рече дека затоа се приклучила на напорите да го убеди претседателот Џозеф Бајден да ја напушти изборната трка затоа што убедливо ја губел кампањата.

„Навистина сакав подобра кампања. Немавме победничка кампања. Членството го знаеше тоа во нивните области“, им рече таа на новинарите.

Во нејзините најобемни изјави досега за политичкиот земјотрес во изминатите пет недели, Пелоси рече дека дебаклот на Бајден во ТВ пресметката на 27 јуни и она што следеше, покажаа две вознемирувачки работи што ќе го направат враќањето на Трамп на власт неизбежно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Горан Наумовски

Напаѓачот сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Бајден за нападот на Пол Пелоси: Вистинската цел беше Ненси

А1он

Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела

Ана Ололовска

Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Ана Ололовска