Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Од:

Човекот кој е обвинет за нападот на Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, исто така имал планови да ги нападне Хантер Бајден, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом и актерот Том Хенкс.

Пприпадничката на полицијата во Сан Франциско, Карла Харли, пред судот изјавила дека напаѓачот на сопругот на Пелоси, Дејвид ДеПејп, ѝ открил список на неговите цели за време на едночасовниот разговор во болницата веднаш по нападот во октомври, пишува NBC.

Во претходното судско поднесување се вели дека ДеПејп именувал неколку истакнати државни и федерални политичари, нивни роднини и локален професор, но не идентификувал ниту еден од нив.

Според федералните обвиненија, ДеПејп е обвинет за обид за киднапирање и напад. Тој, исто така, се соочува со голем број државни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, кражба на живеалиште, напад со смртоносно оружје, лажно затворање на постаро лице и упатување закани против јавен службеник и нивното семејство.
За сите обвиненија ДеПејп се изјасни за невин.

Харли рече дека ДеПејп зборувал и за теории на заговор што го поттикнале нападот. Една од целите на ДеПејп беше Њусон, демократ и гувернер на Калифорнија почнувајќи од 2019 година. Неговата друга цел беше синот на Бајден, Хантер.

Бајден беше политичка цел на десницата во последниве години, особено откако Њујорк пост објави во октомври 2020 година дека има инкриминирачки мејлови меѓу синот на претседателот Хантер и украински бизнисмен.

Актерот Том Хенкс, во меѓувреме, го поддржа Џо Бајден, појавувајќи се покрај него на масовно собирање средства во 2020 година. ДеПејп ќе биде изведен пред суд на 28 декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Пол Пелоси пуштен од болница откако беше нападнат во неговиот дом

А1он

Напаѓачот сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Бајден за нападот на Пол Пелоси: Вистинската цел беше Ненси

А1он

Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела

Ана Ололовска

Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Ана Ололовска