Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече „ужасен“ нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и рече дека сите оние кои шират лаги за украдени избори ја контаминираат политичката клима и придонесуваат за политички мотивирано насилство.

Пол Пелоси беше нападнат вчера во неговиот дом во Сан Франциско, а канцеларијата на неговата сопруга соопшти дека по физичкиот напад бил успешно опериран.

Бајден вчера ѝ се придружи на потпретседателката Камала Харис во едно од ретките заеднички појавувања, на настан во Пенсилванија.

-Што е многу, многу е. Секој совесен човек треба јасно и недвосмислено да застане против насилството во нашата политика, без разлика на политичката определба. Демократијата буквално, а не фигуративно, годинава е на тест, кажа Бајден, алудирајќи на претстојните парламентарни избори на 8 ноември и предупредувајќи на опасностите од екстремизмот.

Бајден кажа и дека полицијата има индиции дека нападот врз Пол Пелоси всушност бил насочен кон Ненси и рече дека напаѓачот со чекан извикал „каде е Ненси?“ – што можело да се слушне и од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на смртоносните немири во Капитол на 6 јануари минатата година, додаваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин