Бајден за нападот на Пол Пелоси: Вистинската цел беше Ненси

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, се чувствува подобро по нападот за кој беше потребна операција.

Бајден им рече на новинарите дека се чини дека Ненси Пелоси е цел на нападот и ги повика политичките актери да го осудат политичкото насилство.

Напаѓачот со чекан му го скршил черепот на Пелоси, а му ја повредил и десната рака, изјави портпаролот на претседателот на Претставничкиот дом.

Тој беше успешно опериран, а лекарите очекуваат Пол целосно да закрепне.

Мажот кој бил уапсен на местото на настанот е идентификуван како Дејвид Пејп (42), а исто така бил пренесен во болница.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа