Претседателката на Претставничкиот дом во Конгресот на САД, Ненси Пелоси изјави дека денеска ќе го одобрат нацрт-законот за економско олеснување со 2,2 билиони американски долари, поради кризата со коронавирусот.
На прашањето дали одлуката ќе биде донесена со јавно гласање, Пелоси одговори: „Ќе видиме“.
Се очекува дебатата да трае три часа.