Пекинг со критики до САД поради противењето на кинеската 5Г технологија

Од:

Кинеските власти денеска го критикуваа официјален Вашингтон поради противањето на кинеската телекомуникациска технологија од новата генерација.

Критиките од Пекинг дојдоа откако американскиот потпретседател Мајк Пенс ги повика Исланд и другите влади да најдат алтернативи.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг ги обвини американските лидери за „злоупотреба на концептот на национална безбедност“ во обид да ја блокираат кинеската трговска активност.

На состанокот со премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир, Пенс изјави дека САД сакаат „да соработуваат со Исланд и другите нации кои ја сакаат слободата за да пронајдат алтернативи за кинеските државни 5Г операции“.

Портпаролот на кинеското МНР рече дека американските лидери изнеле „неодговорни забелешки“ за „нормална деловна соработка“ во која се вклучени кинески компании.

– Ова е типичен хегемонизам и политизација на економските и трговските прашања, рече Генг на редовната прес-конференција.

– Кина остро се спротивставува на ова, дополни тој.

Кинеската компанија Хуавеј е лидер во технологијата од следната генерација или 5Г, а официјален Вашингтон тврди дека Хуавеј претставува безбедносен ризик, што компанијата остро негира.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху