Пејачот на легендарниот бенд „Продиџи“, Кејт Флинт, извршил самоубиство, објави групата на официјалната страна на Инстаграм.
– Веста е вистина, не можам да верувам дека го кажувам ова, но нашиот брат Кејт викендов извршил самоубиство – се вели во пораката на Инстаграм.
Фронтменот на групата „Продиџи“, Кејт Флинт, умре на 49-годишна возраст. Флинт бил пронајден мртов во куќата, а полицијата вели дека не станува збор за сомнителна смрт. „За жал, 49-годишниот пејач беше прогласен за мртов на местото на настанот, се чини дека е природна смрт, но телото е испратено на обдукција”, соопшти британската полиција.
Флинт стана едно од најпрепознатливите лица на британската сцена од деведесеттите години на минатиот век, кој се истакна со својот енергичен стил и ексцентрична коса.