Педро Санчез е старо-нов лидер на шпанските социјалисти

Од:

Поранешниот лидер на Шпанската социјалистичка работничка партија, Педро Санчез, се врати на чело на партијата, откако вчера повторно беше избран за генерален секретар, пренесе ТАСС.

Санчез победи на изборите за лидер на партијата, освојувајќи 50 проценти од гласовите. неговиот главен соперник Сузана Диаз освои 40 проценти од гласовите, а третиот кандидат Пачи Лопез собра 10 проценти.

Враќањето на Санчез на чело на втората по големина партија во Парламентот значи дека премиерот Маријано Рахој веројатно ќе се судри со тешкотии да ја одржи својата малцинска влада.

Санчез, исто така, има разлики и со повеќето регионални лидери на Социјалистичката партија, кои во октомври го принудија да поднесе оставка од функцијата генерален секретар, откако не се согласија со неговиот отпор кон составувањето на владата од страна на Рахој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски