Педро Кастиљо прогласен за претседател на Перу

Од:

Кандидатот на радикалната левица Педро Кастиљо е прогласен за победник на претседателските избори во Перу, повеќе од еден месец по вториот круг во кој негов противник беше Кеико Фуџимори.

– Го прогласувам Хозе Педро Кастиљо Теронес за претседател на Републиката, рече претседателот на Изборната комисија Хорхе Луис Салас на кратката виртуелна церемонија.

По пребројувањето на 100 проценти од гласачките ливчиња, 51-годишниот Педро Кастиљо освоил 50,12 проценти од гласовите, а 46-годишната Фуџимори 49,87 проценти од гласовите.

Непосредно пред официјалното објавување на конечните резултати, Фуџимори, која претходно навести дека нема да ја признае победата на својот противник, сепак го стори тоа бидејќи, како што рече, тоа од неа го бара „Уставот на кој таа се заколнала дека ќе го брани“.

Кастиљо ќе стапи на должност на 28 јули кога истекува мандатот на сегашниот претседател Франциско Сагасти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните