Педесет и двајца затвореници од Гвантанамо штрајкуваат со глад

Од:

Повеќе десетици затвореници во американската база Гвантанамо, на Куба, од февруари годинава штрајкуваат со глад. Бројката на затворненици кои штрајкуваат веќе достигнала 52.

Портпаролот на затворот Гвантанамо, Роберт Дуранд, изјави дека затворениците штрајкот со глад го почнале на 6 февруари. Тој додаде дека бројот на затвореници кои штрајкуваат со време се зголемувал, па така во моментов 52 затвореници во затворот штрајкуваат со глад.

Дуранд истакна дека на 15 затвореници им е укажана медицинска помош, како и тоа дека им е приклучена инфузија.

Тој претходно изјавуваше дека во затворот штрајкуваат 39 затвореници, додека адвокатите тврдат дека штрајкуваат 130 затвореници.

Затворениците во Гвантанамо како една од причините за штрајкот ја наведуваат рацијата во затворот што затворските чувари ја извеле на 6 февруари кога биле запленети повеќе лични предмети на затворениците. Освен тоа, затворениците протестираат и против незивеснаоат за својата судбина.

Би можело да ве интересира

Ослободен е најстариот затвореник од Гвантанамо, маж на 74-годишна возраст

Ана Ололовска

Потенцијалниот 20-ти киднапер во нападите во 2001 година го напушти Гвантанамо

Ана Ололовска

Демократите бараат од Бајден да го затвори Гвантанамо

Катерина Ѓуровски

Бајден го ослободи првиот затвореник од Гвантанамо

Жарко Настоски

Бајден го покренува прашањето на затворање на Гвантанамо

Жарко Настоски

„Сименс“ ќе работи на енергетската ефикасност на Гвантанамо