Пашињан по вторпат номиниран за премиер на Ерменија

Од:

Ерменскиот опозициски лидер Никола Пашињан денеска по вторпат е номиниран за премиер на Ерменија, соопшти прес-службата на Парламентот.

Во соопштението се наведува дека кандидатурата на Пашињан е поддржана со потписи на повеќе од една третина од пратениците, согласно уставните норми.

Лидерот на ерменската владејачка Републиканска партија, Вахрам Багдасарјан претходно изјави дека земјата ќе добие нов премиер на 8 мај и дека неговата партија ќе го поддржи кој било кандидат, вклучувајќи го и Пашињан, доколку ја има поддршката на една третина од пратениците.

Багдасарјан ја даде својата изјава по средбата со Пашињан, кој ги предводеше минатомесечните улични протести против власта, што предизвикаа загриженост во Русија, која е блиска сојузничка на Ерменија.

Претходно денеска, блискиот соработник на Пашињан, Арарат Мирзојан истакна дека опозицискиот лидер собрал потписи на една третина од пратениците.

– Успеавме да собереме потписи од една третина (односно 35) членови на Парламентот. Пашињан ќе биде официјално номиниран за кандидат денеска или утре, нагласи Мирзојан.

Републиканската партија претходно се изјасни против кандидатурата на Пашињан, но очигледно го променила ставот еден ден по вчерашната граѓанска непослушност, при која беа блокирани патишта и пруги, а делови од земјата беа во целосен застој.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска