Пашињан не е избран за премиер на Ерменија

Од:

рменскиот лидер на опозицијата Никол Пашињан денеска не успеа да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да стане премиер.

За него гласаа 45 пратеници, осум помалку од неопходниот број, бидејќи Парламентот на Ерменија има 105 пратеници.

Пашињан беше единствен кандидат за премиер, но владејачката Републиканска партија одлучи да не ја поддржи неговата кандидатура.

Политичката криза во Ерменија трае од 13 април кога опозициските партии организираа протести поради што поранешниот претседател на државата Серж Саргсјан го смени Уставот и стана премиер. Тој под притисок на протестите на 23 април си поднесе оставка од премиерската функција.

Пашињан претходно изјави дека ќе уследи „политичко цунами“ доколку владејачката партија не ја поддржи неговата кандидатура.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска