Пашињан: Ако не бидам избран за премиер ќе има „политичко цунами“

Од:

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашињан вети „политичко цунами“ доколку не биде избран за премиер.

– Сакам да ги предупредам господата од владејачката Републиканска партија да не ја толкуваат толерантноста на народот како слабост, бидејќи тоа може да доведе до вистинско политичко цунами, им порача Пашињан на пратениците, повикувајќи ги Ерменците да излезат на улица.

Ерменскиот опозициски блок вчера официјално го предложи Пашињан за нов премиер на земјата.

Парламентот денеска на вонредна седница ќе избира нов претседател на владата, бидејќи досегашниот премиер Серж Саркисјан поднесе оставка по 11 дена протести во државата.

Пашињан и неговите приврзаници засега можат да сметаат на 47 гласови поддршка, шест помалку од потребното мнозинство за избор.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска