Парламентот на Каталонија ја избра изборната комисија за референдумот за независност

Од:

Парламентот на Каталонија направи нов чекор кон организирање на референдумот за независност на оваа шпанска област, што, според Мадрид, е противуставен, пренесоа француските медиуми.

Каталонските парламентарци, со 86 гласа „за“ и 48 воздржани, го утврдија составот на изборната комисија за референдумот . Со тоа тие ја заобиколија завчерашната одлука на Уставниот суд за суспендирање на дејствието на регионалните указ и закон за организирање на ова општограѓанско изјаснување, додека тие повторно, по пет месеци, не бидат разгледани од судот.

Оваа одлука на Уставниот суд сите акти за подготовка на референдумот ги прави незаконски, сметаат неговите опоненти, кои денеска им дадоа гласен израз на своите позиции во регионалниот Парламент.

-Парламентот не може да гласа за оваа точка. Тоа е непочитување на одлуката на Уставниот суд, изјави пратеникот од владеачката конзервативна Народна партија Енрик Мило, кој се закани со поведување постапка пред Обвинителството.

-Нема да направиме никакво прекршување на законот, возврати Жорди Турол, портпарол на коалицијата на каталонскиот претседател Артур Мас. Тој се изјасни против граѓанската непослушност, на која повикуваат некои сепаратисти.

Изборната комисија всушност се уште официјално не функционира, бидејќи за нејзиното формирање е потребен указ, што Мас уште го нема потпишано. Тоа, според неговото опкружување, му дозволува да остане во рамки на законот.

Оваа богата североисточна шпанска област, со население од 7,5 милиони жители, со години наназад е во конфликт со централните власти во Мадрид, кои и го негираат правото еднострано да се произнесе за својата иднина.

Во саботата, каталонскиот претседател Артур Мас ја заостри конфронтацијата со Мадрид, потпишувајќи го указот за организирање референдум за независност. Веќе во понеделникот шпанската конзервативна Влада се пожали пред Уставниот суд со аргументот дека указот е незаконски. Мас, пак, вети дека ќе се бори во судот против суспендирањето на указот, а во меѓувреме објави дека повторно ја преправа официјалната кампања за референдумот во Каталонија за да не биде во спротивност со Уставот.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба