Парламентарни избори во Украина

Од:

Во Украина утрово почна гласањето за парламентарните избори, на кои ќе се изберат 450 пратеници во Врховната рада со мандат од пет години. Половина од пратениците се избираат според пропорционален, а половина според мнозински систем.

Според проценките на експертите изборите според мнозинскиот систем ќе влијаат на распределбата на силите во Парламентот.

Анкетите покажуваат дека најголем број гласови ќе освојат три партии: досега владејачката Партија на региони на претседателот Виктор Јануковиќ, Татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и новата партија Украинска демократска алијанса за реформи на боксерот Виталиј Кличко.

Цензусот од пет отсто треба да го поминат комунистите и националистичката партија Слобода, која не ги крие русофобските и антисемитските ставови, а чие упориште е западна Украина.

Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите по пропорционалниот систем учествуваат 21 партија, а вкупно 87 партии, за кои може да гласаат повеќе од 36 милиони лица со право на глас на 33.693 избирачки места во земјата и во странство, во 77 држави.

Власта најави фер и демократски избори, додека Западот незадоволен од судскиот процес и пресудата за Тимошенко најави дека внимателно ќе ги следи. Регуларноста на гласањето ќе го набљудуваат 130.000 домашни и околу 4.000 меѓународни набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17