Парламентарни избори во Шпанија

Од:

Во Шпанија денеска се одржуваат парламентарни избори, само шест месеци од претходните, со цел да се овозможи формирање на нова влада. 

Повторените избори се обид да се надмине политичката криза предизвикана од глањето во декември, кога ниту една партија не доби доволно гласови сама да формира влада ниту успеа да формира коалиција до истекот на рокот – 2. мај. 

Најмногу гласови на парламентарните избори на 20 декември минатата година освои Народната партија, но не доволно за мнозинство од 176 пратеници во Долниот дом на Парламентот. Тоа беше најлош изборен резултат за партијата во последните 26 години.
Лидерот на Народна партија Маријано Рахој призна дека нема доволно поддршка од ривалските партии да формира малцинска влада и коалиција и одби да биде мандатар.
Лидерот на социјалистите, Педро Санчес потоа се обиде да формира влада обезбедувајќи договор со центристичката партија Сијудаданос (Граѓани), но тоа не беше доволно за мнозинство.

Ултралевичарската Подемос (Ние можеме) го осуети обидот на Санчес одбивајќи да се придружи на коалицијата или да се воздржи при гласањето за недоверба.

Изборите се одржуваат во момент кога граѓаните се незафоволни поради виосоката стапка на невработеност, политичката корупција и мерките за штедење, а посебно поради намалените расходи за здравството и образованието. 

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски