Парламентарни избори во Кувајт

Од:

Во Кувајт денеска се одржуваат втори по ред парламентарни избори за 10 месеци, но судејќи според излезноста на гласачите, граѓаните го послушале повикот на опозицијата за бојкот поради спорниот изборен закон.

Опозицијата, која имала 36 од 50 пратенички места во Парламентот, на денешните избори нема да освои ниту едно бидејќи нема свој меѓу 306-те кандидати, вклучувајќи и 13 жени.

Поради тоа одзивот на гласачите е клучен тест за исламистите, националистите, либералната опозиција од една и Владата предводена од владејчкото семејство Ал-Сабах од друга страна.

Во Кувајт изборите се одржуваат речиси два месеца, бидејќи емирот шеик Сабах ал-Ахмад ал-Сабах го распушти провладиниот Парламент, конституиран во јуни со одлука на судот кој претходно го поништи парламентарниот состав избран во февруари.

Опозициските активисти на социјалната мрежа Твитер напишале дека одзивот на избирачите е екстремно низок, посебно во племенските области, додека поголема излезност е забележана во областите населени со шиити.

Кувајтскиот Парламент има 50 места, а секој од петте окрузи дава по 10 пратеници.

Националната изборна комисија, која првпат сега е воведена, соопшти дека изборните резултати ќе бидат објавени пред полноќ.

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години