Во Каталонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои главна тема е поделбата помеѓу заговорниците и противниците за самостојност на автономната покраина со 7,5 милиони жители во североисточна Шпанија.
Анкетите покажуваат дека три партии би можеле да освојат еднаков број на гласови и да почнат преговори за коалиција – Каталонската републиканска левица (ЕРЦ) и десниот центар Заедно за Каталонија (ЈхЦАТ), кои се на власт и заговараат самостојност, додека Каталонската социјалистичка партија (ПСЦ) поддржува останување во рамките на Шпанија.
– Три партии можат да победат на изборите или да договорат мнозинство потребно за составување на влада, но сите три во текот на предизборната кампања порачаа дека разговорите и потенцијалната соработка помеѓу нив ќе биде тешка, изјави професорот по политикологија Жоан Родригез од Универзитетот во Валенсија.
Изборите се одржуваат три години по оддржаниот референдум за самостојност, што беше забранет од Уставниот суд на Шпанија, а потоа организаторите беа осудени на повеќегодишни затворски казни.