Еден член на јорданскиот парламент го потегна пиштолот кон еден од своите критичари во текот на телевизиската дебата која се емитуваше во живо. Водителот очајнички се обидуваше да ги раздели двајцата соговорници.
Парлемнтарецот е идентификуван како Mohammed Shawabka, а според пишувањето на „The Times of Israel“, дискутирал за политиката на Јордан кон Сирија.
Како што разговорот добиваше на жестина, парламентарецот го извади чевелот и со него го гаѓаше својот соперник. После тоа посегна по пиштолот.