Париз подготвен за техничко одложување на Брегзит

Од:

Француската државна секретарка за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи, Амели де Моншален изјави дека Париз е подготвен да одобри „техничко“ одложување на Брегзит „од неколку денови“.

Тоа би се направило со цел британскиот Парламент да има време да ги заврши потребните процедури, но е против одложување поради „нови преговори за договорот“.

– На крајот од неделата ќе видиме дали чисто техничко одложување од неколку денови е оправдано, поради британската парламентарна процедура. Освен таквата ситуација, одложувањето со цел да се добие на време или нови преговори за договорот е исклучено, истакна Моншален во францускиот Сенат.

Британските пратеници вчера начелно го прифатија предложениот договор, но одбија по итна постапка да расправаат за него.

Премиерот Борис Џонсон потоа објави дека ќе ја суспендира расправата за договорот се додека од ЕУ не се добие одговор на барањето за одложување на датумот за Брегзит, а тоа е 31 октомври.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ќе им препорача на членките на ЕУ да одобрат ново тримесечно одложување на Брегзит.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано