Париз подготвен да ги одблокира пристапните преговори со Турција

Од:

Франција денеска соопшти дека е подготвена да го одблокира поглавието за регионална политика во рамките на преговорите за членство на Турција во Европска унија, кои почнаа уште во 2005 година.

Одлуката укажува на подобрување на односите меѓу двете земји откако во Франција минатата година стапи на должност новиот претседател Франсоа Оланд, јавија западните медиуми.

Турција од 2005 година има затворено само едно од 35 поглавие, а Франција стави вето на вкупно пет поглавија.

Оланд директно не ја поддржа кандидатурата на Турција за членство во ЕУ, но истакна дека земјата треба да се оценува врз основа на политичките и економските критериуми. Претходниот француски претседател Никола Саркози сметаше дека Турција не е дел од Европа.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина