Париз: Илјадници против хомосексуалните бракови

Од:

Илјадиници противници, но и симпатизери на истополовите бракови протестираат во Париз, два дена пред гласањето на спорниот предлог закон за хомосексуалните бракови.

Околу 70.000 луѓе извикуваат „Оланд не го сакаме твојот закон“, а два километра од нив се собраа загворниците на истиот закон со слоган „За еднаквост, против хомофобијата“, пренесуваат француските медиуми.

Противниците на предлог законот, кои во текот на целата недела се собираа пред пармалентот каде што дојде и до судир, денес имаат намера да ја потврдат својата одлучност.

Фриџ Барџо, кој ги предводи противниците на спорниот закон, соопшти дека сакаат мирни демонстрации и не сака групи кои што директно ги напаѓаат хомосексуалците.

Текст на законот со кој се отвараат врата на хомосексуалните бракови во вторник попладне ќе биде свечено усвоен во парламентот.

Противниците на законот се надеваат дека владата ќе се откаже од негова примена, а Демократската унија за народно движење веќе најави дека по гласањето во вторник ќе поднесе жалба во Уставниот суд.

Бракот помеѓу припадниците на истиот пол го легализираат 13 држави во светот, а во Франција јавното мислење и политичката класа веќе со месеци се спротивставуваат околу овие реформи.
Според најновата анкета, повеќе Французи го подржуваат правото на хомосексуални бракови (58 проценти), но против можноста за усвојување на деца за хомосексуални бракови се 53 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили