Париските ресторани и бистроа не се на потребното ниво со хигиената

Од:

Француското Mинистерство за земјоделие одлучи да ги објавува резултатите од санитарните инспекции кои ги врши во рестораните. Со првиот тест беа опфатени 1500 ресторани во Париз и 200 во Авињон, и првата костатација е алармантна – само 34 отсто имаат задоволувачко ниво на хигиена, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Контролата е извршена меѓу јули и декември 2015 година, а резултатите кои се објавени беа анализирани од националното Здружение на потрошувачи.

Првата костатација од испекциите е дека има јасен дефицит од хигиена во париските ресторани, каде само 34% имаат „добро“ ниво на хигиена, 58% „прифатливо“ и 8% „да го подобрат“. Во споредба со Авињон, таму 64% од контролираните ресторани имаат подобра оценка.

Здружението на потрошувачи од своја страна, смета дека целта на Министерството не е исполнета, бидејќи многу малку од контолираните ресторани, само 4% од нив во Парз ги истакнале добиените оценки, додека во Авињон нивниот број е 29%. 

Годишно со инспекции се контролираат околу 80.000 различни места каде се подготвува или чува храна, а од јули оваа година резултатите од контролите ќе треба да бидат јавни.
Санитарните власти тврдат дека во Франција рестораните со 39% се првиот извор на труење со храна, додека домашната кујна е извор на 28% од труењата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили