Парични казни за организаторите на референдумот во Каталонија

Од:

Уставниот суд на Шпанија едногласно одлучи да изрече тешки парични казни за членовите на Изборната комисија на Каталонија, одговорна за организирањето на референдумот за независност.

Седумте членови на Комисијата ќе плаќаат по 12.000 евра секој ден, се додека не се покорат на Владата во Мадрид, а 15-те членови на територијалната администрација на автономната област по 6.000 евра дневно.

Сите можат да ги избегнат казните доколку се откажат од своите дејства до 24 часа од издавањето на судското решение, кое се очекува утре. Во спротивно наплаќањето на казните почнува од 10 часот наредниот ден по објавувањето, односно од сабота.

Каталонската Влада го закажа референдумот за 1. октомври, но според официјален Мадрид тој е незаконски.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски