Парадоските на американската политика на Блискиот Исток

Од:

САД нанесоа воздушни удари на позициите на терористите од Исламската држава во Сирија.

Принципиелно е важно што САД нанесува удари на позициите на Исламската држава на територијата на Сирија, не прашувајќи за дозвола за тоа од раководството на земјата. Таков приод предизвика критика од Москва. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор со државниот секретар Џон Кери ги повика САД строго да ја почитуваат Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право, како и да го почитуват суверенитетот на Сирија.

Лавров ја подвлече важноста од координираните дејствија, без двојни стандарди и повика на воздржување од извртување на фактите во сириски контекст.

Според ставот на низа аналитичари, решавајќи се на таков демарш, Американците всушност се обидуваат по втор пат да го скршат режимот на Башар ал Асад, искористувајќи за тоа згодна прилика.

Зборува професорот на институтот на земјите на Азија и Африка на Московскиот државен универзитет Владимир Исајев.

Блискоисточната политика на САД се одликува со одредено безумие. Ако внимателно се погледне што се случува, единствени покрај Курдите кои се уште се спротивстауваат на Исламската држава, тоа се токму припадниците на регуларната сириска војска. Да се вооружува сириската опозиција, која САД ја сметаат за умерена и да се нанесуваат удари по регупарната сириска војска, значи да се јакне позицијата на Исламската држава. Американците треба да го променат својот однос кон состојбата и да ги обединат напорите со Дамаск.

Наместо тоа тие се обидуваат да се борат против тероризмот, истовремено уривајќи ги политичките режими кои сами по себе многу ефикасно изглегуваат на крај со антитерористочките задачи.

Соочувајќи се со потребата да го оправда своето мешање во работите на суверените држави, Вашингтон бара каков било  повод кој му одговара на таа задача. Така експертите го прокоментираа соопштението за новата сириска екстремистичка група која се појави овие денови, на чело со блискиот соработник на терористот број еден Осама бин Ладен. Таа се вика Хорсан и како што смета американскиот печат насочена е на терористички напади во САД и други западни земји. Зборува водечкиот научен соработник на Институтот за ориенталистика РАН Станислав Иванов.

Соопштението во американските медиуми за опасноста во САД од страна на организацијата Хорсан стигна од американските специјални служби и најверојатно е само имитација на борбата против тероризмот, за да може некако да се оправдаат убиствата на граѓаните на западните земји во Ирак. Кога американските специјални служби навистина би добиле оперативни податоци за терористички напади кои се подготвуваат на нивната територија, тие не би ги објавувале во медиумите, туку би делувале тајно и превентивно. Можно е со цел за добивање на дополнителни финанисирања ЦИА да шири слични податоци.

Ние не исклучуваме дека навистина Хорсан, како и групи на Ал-Каеда, постои и делува подолго во време на премолчена согласност од Вашингтон на територијата на Сирија против режимот на Башар Асад. Реалната опасност по меѓународната и регионалната безбедност потекнува од Исламската држава. А ова движење дигна глава не без помош од САД и неговите сојузници како што е Катар. Тешко дека некоја коалиција на земји во брзо време може да ги разбие, бидејќи движењето има широка поддршка од арапско-сунитското население на Ирак и Сирија.

Аналитичарите веруваат дека само воздушни напади не се доволни. Без поддршка од земјата операцијата е осудена на неуспех. На Американците тешко ќе им појде од рака да ги искористат стекнатите предности. Но тие предности веројатно ќе ги искористи Асад, чии трупи ќе ги докрајчат терористите, ослабени од бомбардирањето. Излегува дека се што прави Вашингтон, придонесува за јакнење на Дамаск. И во тоа се состои главниот парадокс на американската надворешна политика во регионот.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени