Папата со критика до луѓето кои не сакаат да носат маски

Од:

Папата Франциск не покажува разбирање за демонстрантите кои се спротивставуваат на ограничувачките мерки, особено на таа за носењето маски, додека за луѓето кои протестираа по насилната смрт на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кажа дека го изразиле „здравиот бес“ против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбиваа да држат дистанца, маршираа против забраната за патување – како мерките наметнати од владите да се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, а пренесе „Гардијан“.

Папата го поддржува носењето маски, како форма на заштита од коронавирусот.

„Истите тие луѓе кои протестираа против ограничувачките мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту, пак, би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, нив тоа не ги тангира, нема да протестираат затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси“, додаде папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска