Папата Франциско со молитва за жртвите од цунамито во Индонезија

Од:

Папата Франциско денеска се молеше за загинатите, исчезнатите и останатите без дом по цунамито што ја зафати Индонезија.

Папата пред туристите и верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан рече дека во мислите е со индонезискиот народ, кој беше „погоден од моќна природна катастрофа“.

– Доживувам духовна блискост со тие што останаа без дом или страдаат на некој друг начин, рече папата Франциско.

Тој ги повика луѓето да покажат солидарност, а меѓународната јавност да им даде поддршка на погодените од катастрофата.

Најмалку 222 лица загинаа, а над 840 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници