Папа Франциск со вонреден благослов „Урби ет орби“ ќе се моли за запирање на епидемијата

Од:

Папата Франциск денеска соопшти дека неделава ќе упати вонреден благослов „Урби ет Орби“ (кон Рим и светот), каков што вообичаено упатува само за Божик и Велигден.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика верниците од цел свет да се молат за запирање на епидемијата од коронавирусот, пренесоа британските медиуми.

Папата оваа неочекувана најава ја даде при денешната редовна неделна литургија што преку Интернет и телевизија беше емитувана од Ватикан, место како што вобичаено тоа го прави пред луѓето што се собираат на плоштадот „Свети Петар“.

Одлуката на папата Франциск да упати специјален благослов ја потенцира сериозноста на ситуацијата со кризата во светот и особено во Италија, која пред два дена ја надмина Кина како земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19.

Тој денеска кажа дека благословот ќе го даде во петок вечер од празниот плоштад „Свети Петар”. Плоштадот, како формален дел од Ватикан, ќе биде затворен заради мерките во Италија против ширењето на коронавирусот.

Католиците, кои добиваат благослови лично или преку медиумите, под определени ситуации можат да добијат и специјална индулгенција (опростување на гревовите).

Папата Франциск, исто така, ги повика христијаните од цел свет во среда попладне по италијанско време да запрат со работа и заедно да ја кажат молитвата „Оче наш”.

-Сакаме да одговориме на пандемијата со универзалноста на молитвата, на страдањето, на нежноста. Да останеме единствени, рече папата од својата библиотека.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска