Паоло Џентилони нов министер за надворешни работи на Италија

Од:

Актуелниот пратеник и поранешен министер за комуникации, Паоло Џентилони денеска е назначен за нов шеф на италијанската дипломатија на местото на Федерико Могерини, која стана заменик претседател на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

Џентилони, кој е член на владејачката Демократска партија, ќе наполни 60 години на 22 ноември. Во последната влада на Романо Проди, тој беше министер за комуникации од 2006 до 2008 година.

Џентилони е роден во Рим, каде дипломирал политички науки. Работел како новинар, а потоа и како портпарол на поранешниот градоначалник на италијанската претстолнина Франческо Рутели.

Според италианскиот печат, премиерот Матео Ренцо сакал да назначи жена како нов прв дипломат, за да се задржи балансот на претставници од двата пола во Владата, но потенцијалните кандидатки за таа функција биле оценети како несодветни.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага