Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден

Од:

Полицијата во Северна Ирска денеска соопшти дека на гробиштата во Креган, во близина на Дери, пронашла четири предмети за кои постои сомневање дека се таканаречени бомби со цевки. Според Ројтерс, полицијата извршила инспекција на јавната безбедност, неколку часа пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Северна Ирска.

„Откривањето на овие уреди беше уште еден застрашувачки и вознемирувачки развој“, рече помошник началникот на полицијата Боби Синглтон.

Според извештаите, Бајден доаѓа во Белфаст во политички чувствителен период за Северна Ирска, бидејќи се одбележува 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на повеќегодишните конфликти во таа земја.

Синглтон додаде дека истрагата ќе ја преземе Единицата за истраги за тероризам.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа