Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

Од:

Во близина на аеродромот во Минхен завладеа тревога откако била забележана голема дива мачка за која стручњаците се сомневаат дека би можела да биде пума.

На граѓаните им е упатен апел да бидат максимално внимателни, додека надлежните служби предупредуваат децата да не излегуваат надвор без надзор, а кучињата да се чуваат на поводник, пишува „Билд“.

„Според првата стручна проценка, би можело да станува збор за пума“, изјави портпаролката на окружната управа во Ердинг.

Дивото животно било забележано во ноќта меѓу вторникот и средата, потврди портпаролката за „Билд“.

Според информациите на „Билд“, постои и фотографија од животното која е оценета како веродостојна, а најверојатно е направена со камера за надзор на диви животни. Наводно, животното го пријавил ловец.

Дивата мачка била забележана во заштитеното подрачје Нојтингермоос, во општината Обердинг во Баварија. Подрачјето се наоѓа на само неколку километри од аеродромот во Минхен.

Според окружната управа, засега не е познато од каде би можело да дојде животното. Нема информации ниту дека во околината има циркус.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни. Децата треба да си играат надвор само под надзор на возрасни, додека кучињата треба да се држат на поводник, предупредуваат властите.

Пумите природно живеат во Северна и Јужна Америка. Нивното живеалиште опфаќа планини и шуми, вклучително и тропски дождовни шуми, но и степи и пустини.

Овие големи мачки важат за плашливи животни и главно ги избегнуваат луѓето. Нападите врз луѓе се многу ретки, но кога ќе се случат, можат да бидат смртоносни.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“