Палестинското раководство смета дека изјавите на премиерот Бенет за Ал Акса поттикнуваат опасен верски судир

Од:

Палестинското претседателство денеска излезе со осуда на изјавите на израелскиот премиер Нафтали Бенет во врска со џамијата Ал-Акса, соопштувајќи дека тие „поттикнуваат опасен верски конфликт“.

Бенет, претходно вчера ги советуваше израелските имигранти да продолжат со упадите на Ал-Акса на „организиран и безбеден“ начин, и тоа на крајот од состанокот за проценка на безбедносната состојба, одржан откако речиси 1.200 имигранти упаднаа во џамијата, под заштита на израелската полиција.

Доселениците претходно упаднаа во „Мусала ал-Кибла“ во комплексот на џамијата Ал-Акса и ги нападнаа Палестинците кои ја чуваа џамијата, позната како „мурабитун“.

Во соопштението на палестинското претседателство се наведува дека „изјавата на Бенет е ескалација што поттикнува опасен верски конфликт“. Во него се додава дека израелската Влада е одговорна за оваа ескалација, сметајќи дека со тоа се опструираат меѓународните напори, особено што ваквата провокација се случува во пресрет на Курбан Бајрам.

Палестинското претседателство повика на зачувување на историскиот статус во Харам ал-Шариф, сметајќи дека овие изјави претставуваат пркосење на меѓународната заедница.

Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) смета дека изјавите на Бенет се опасна ескалација и повик за спроведување на организиран државен тероризам под заштита на окупаторските сили.

ПЛО смета дека окупаторската влада е одговорна за последиците од овој конфликт врз безбедноста и стабилноста на регионот на Блискиот исток. Таа, исто така, ја повика меѓународната заедница да преземе итни активности за заштита на светите места и запирање на израелското расистичко однесување и постојаното кршење на правата.

По честите повици од екстремистички израелски групи, околу 1.200 имигранти вчера упаднаа во џамијата Ал-Акса од правецот на Мароканската капија, каде провокативно прошетаа низ дворот на џамијата и извршија верски ритуали спроти Куполата на карпата.

Повиците за упад во џамијата дојдоа по повод празникот Тиша Бав, Ден на пост и жалост меѓу Евреите заради уништувањето на Соломоновиот храм, за кој тврдат дека џамијата Ал-Акса е изградена на неговите темели.

Би можело да ве интересира

Чешка застарениот советски противоздушен систем ќе го замени со израелски „Спајдер“

А1он

Израелскиот премиер оцени дека Иран ги минал сите црвени линии во однос на нуклеарната програма

А1он

Абас: Израел има една година да се повлече од окупираните територии

Израел воведува неплатено отсуство за наставниците без сертификат за вакцинација и негативен тест на Ковид-19

А1он

Уапсени последните двајца палестински бегалци од израелскиот затвор Гилбоа

Ана Ололовска

Израел: Воени медицински тимови во домашна посета на болни од Ковид-19

А1он