Палестинските власти соопштија дека израелски сили убиле две лица во рации на Западниот Брег

Од:

Израелските сили убија двајца Палестинци за време на рации на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство, јави ДПА.

За време на операцијата на израелските сили во бегалскиот камп Балата во Наблус, убиен е 16-годишник, а неколкумина други се повредени. Еден Палестинец, исто така, е убиен, а шестмина се повредени од истрели во Каландија, меѓу Ерусалим и Рамала, соопшти Министерството.

Израелската гранична полиција соопшти дека бараниот Палестинец бил уапсен во Наблус и кај него била пронајдена автоматска пушка М16. Според полицијата, избувнале насилни немири кога полицајците си заминале со осомничениот. Полицајците возвратија со оган откако беа нападнати, а еден напаѓач беше „неутрализиран“, се вели во соопштението.

Коментирајќи го одвоениот инцидент во близина на Рамала, портпаролката на израелската армија рече само дека тие сè уште го разгледуваат текот на настаните.

Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година. Палестинците ги бараат териториите за своја држава со главен град источен Ерусалим, потсетува германската новинска агенција ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“