Палестинскиот претседател Абас го одби израелското барање за одложување на изборите

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го одби израелското барање за одложување на изборите, изјави денеска Муса Абу Марзук, член на Политичкото биро на Хамас.

– Абас го одби барањето на ционистичкиот ентитет (Израел) за одложување на изборите, истакна Марзук.

Тој нагласи дека се „против какво било одложување на изборите“, но не исклучува одложување на гласањето поради раздор во движењето Фатах на Абас.

Минатата недела Фатах го смени Насер ал-Кудва, внук на поранешниот претседател Јасер Арафат, поради планот да се кандидира на посебна листа на претстојните избори.

Приведениот лидер на Фатах, Марван Баргути, исто така, ја откри својата намера да се кандидира на претседателските избори на 31 јули.

Предвидено е палестинските фракции да се состанат денеска во Каиро за да разговараат околу подготовките за претстојните избори.

Во јануари, Абас издаде декрет за одржување парламентарни избори на 22 мај, претседателски на 31 јули и избори за Национален совет на 31 август.

Последните парламентарни избори, на кои Хамас освои мнозинство, се одржаа во 2006 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски