Палестинскиот премиер поднесе оставка

Од:

Новоименуваниот палестински премиер, Рами Хамдалах поднесе оставка до претседателот Махмуд Абас, пренесуваат медиумите врз основа на информации од владата.

Неговата канцеларија наведе дека причина за тоа е судирот околу овластувањето, пренесе „Асошиејтед прес“. Се уште не е познато дали Абас ја прифаќа оставката на Хамдалах.

Новата палестинска влада на чело со Хамдалах пред само две недели положи заклетва, откако Абас по шест години го смени од функцијата премиер Салам Фајад.

Абас на Хамдалах му довери двајца заменици еден за политички, а втор за економски прашања,со цел да го надомести неговото политичко неискуство.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он