Палестински затвореник прекина со штрајк со глад за помала казна

Од:

Палестински затвореник кој со месеци штрајкуваше со глад одлучи денска да го прекине штрајкот откако постигна договор со израелските власти да биде пуштен порано на слобода.

Самер Исави (33) одбиваше храна од август во знак на протест оти бил повторно уапсен. Палестинци често протестираат и понекогаш доаѓаат во судир со израелски војници пред затвор, барајќи да бидат ослободени.

Исаво моментно е во болница во Израел заради влошена здравствена состојба. Исаво бил првпат уапсен за време на втората палестинска интофада во 2002 година. Осуден е на 26 години заради терористички активности. Беше ослободен со размена на затвореници во октомври 2011 година. Во јули 2012 година повторно беше уапсен бидејќи пречекорил правила за пуштање на слобода.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он