Палестинец убиен во судири со израелски војници во Витлеем

Од:

Еден Палестинец е убиен денеска за време на судири на група палестински демонстранти со израелски војници во градот Витлеем во северниот дел на Западниот Брег.

Како што јави ДПА, 27-годишниот жител на палестинскиот бегалски камп Дејшех, бил застрелан во пределот на градите, по што е пренесен во болницата во Бејт Јала, каде им подлегнал на здобиените повреди.

Судирите меѓу демонстраните и израелските војници започнале во близина на Гробницата на Рахела во Витлеем. При судирите Палестинците мавале со камења кон војниците, кои возвратиле со солзваец и гумени куршуми, но и со боева муниција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство